НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Надворешната политика на Трамп низ неговите изјави

0
By Влатко Чаловски on November 9, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ИСИС и го препиша на Хилари Клинтон, Кина ја обвини за кражба oд Америка, од земјите-членки на НАТО побара да му се плати за сработеното, а со Путин сака да бидат во многу добри односи. Победата на Доналд Трамп на американските избори отвори многу прашања, а сега во исчекување е неговата практика на изјавите во светската политика.

Враќајќи се низ времето, надворешната политика на САД може навистина да претрпи промени, доколку Трамп работи на начинот на кој што и зборуваше.

„Од 28-те земји на НАТО, повеќето не плаќаат доволно. Ги браниме, и тие најмалку што треба да направат е да ни платат онолку колку што треба според договорите. НАТО можеби е застарен бидејќи не се фокусира на тероризмот. Ние плаќаме речиси 73 отсто од потрошувачката на НАТО. Тоа е многу пари за штитење на други луѓе. Јас сум за НАТО. Тие треба да се фокусираат на тероризмот, рече Трамп на претседателската дебата во септември годинава.

nato

Зборувајќи за тоа како да се победи ИСИС, Трамп и го префрли на неговата противкандидатка Хилари Клинтон самото создавање на џихадистите.

„Хилари ќе ви рече да отидете на нејзиниот веб-сајт и да прочитате како да се победи ИСИС, кој можеше да го победи со тоа што немаше ни да го создаде. Сега е се потешко да ги победиме бидејќи се на се повеќе места, земји и нации. Сакам да им помогнам на нашите сојузници, но губиме милијарди и милијарди долари. Не моежеме да бидеме полицаец за цел свет. Не можеше да ги штитиме земјите од светот без да ни платат за нашите потреби“, порача Трамп.

Во однос на референдумот Брегзит, во интервју Трамп вели, луѓето си ги бараат границите назад.

Прашањето: Ваш став за Брегзит, за референдумот на Британците за излез од Европската унија?

Трамп: Луѓето сакаат да видат граници. Тие не сакаат луѓе за кои не знаат ниту кои се ниту од каде се, да им влетуваат во нивната земја. А тоа го гледате насекаде во Европа. И мислам дека ќе има уште многу случаи каде луѓето ќе сакаат да си ги вратат границите, тие сакаат повторно да имаат своја земја. Мислам дека ова ќе се случува се повеќе и повеќе. А мислам и дека тоа се случува во САД.

По однос за ова прашање, тој има истакнато е дека доколку ги отворат вратите за земји како Сирија, членовите на ИСИС ќе влегле и одвнатре ќе тероризирале.

donaldВо својата книга „Осакатена Америка: Како Америка повторно да стане голема“, Доналд Трамп пишува дека токму светските дипломати го донеле светот во хаос.

„Дипломатите кои не однесоа во меѓународен хаос велат дека немам искуство во надворешните политики. Тие мислат дека за успешна дипломатија се бараат години искуство и разбирање на нијансите кои сериозно биле разгледани пред да се донесе заклучок. Дури тогаш овие неважни бирократи само размислуваат дали да дејствуваат. И сега видете во каква состојба е светот. Ужасно е. Никогаш не било понебезбедно. Таканаречените владејачки инсајдери во Вашингтон се оние кои го направија ова. И треба се уште да ги слушаме? Слушнете, она што го правиме сега не функционира. Пред години наназад кога започнував со моите бизниси, сфатив еден едноставен пристап кој секогаш функционирал за мене – кога копаш се подлабоко и подлабоко во една дупка – прекини“, пишува Трамп.

За земјите во кои се присутни воените бази на САД, Трамп рече дека ќе им наплати на нивните влади за тоа.

„Повторно ќе преговарам за некои од нашите воени трошоци бидејќи ја штитиме Јужна Кореја. Ја штитиме Германија. Ги штитиме некои од најбогатите земји како Саудиска Арабија. Ги штитиме сите а не добиваме рефундација за тоа. Затоа ќе преговараме за воените договори, за трговски договори и сите оние договори од кои губиме пари“.

За ова ја посочи Саудиска Арабија како еден од најважните партнери на Блискиот Исток. „Саудијците прават милион долари на ден. Ги штитиме, така што ни треба помош. Губиме огромна сума на пари годишно и должни сме 19 трилиони долари“.

Во друго интервју од 2015 година тој зборува недостатокот на НАТО според него.

Прашањето: Напишавте „Повлекувањето од Европа ќе ја спаси Америка за милиони долари годишно. Цената за стационирање на НАТО трупите во Европа е огромна, А ова се очигледно средства кои можеме подобро да ги искористиме. Би сакали ли целосно да се повлечеме од НАТО?“

Трамп: Малку сум загрижен за НАТО од оваа гледна точка. Еве примерот со Украина. Каде е Германија? Каде се другите земји од Европа да го водат ова? Не ми пречи да им помогнам. Но зошто Германија не го води ова? Зошто САД? Ние како да сме светски полицаец. Зошто водиме ние во Украина?

Прашањето: Значи нема да и дозволите на Украина да влезе во НАТО?

Трамп: Нема многу да ми биде важно. Не ми е важно дали ќе влезе или не. Ќе го поддржувам НАТО.

Прашањето: Звучи како да не сте фан на НАТО?

Трамп: Фан сум на еднаквоста, на она што е разумно. Сигурно не сум за да бидеме против Русија. Зошто ние сме секогаш на фронтот?

Исто така, Трамп во неколку наврати го повтори интересот на својата земја, и вели потребни им се промени од кои ќе профитираат.

„Животот и бизнисот се како преживувањето, а Дарвин не научи како да преживеемем да се прилагодиме. Еволуција во бизнисот и животот се константна. Дури и најмоќни империи дојдоа и заминаа. Римската, Отоманската, Британската империи – тие владееја со светот и одеднаш ги снема.

Бидејќи се се менува, треба поголемата слика да се гледа и да се испитаат можностите, да видиме што е променето и што тоа може да значи. Тогаш треба да смислиме како да се држиме до нив и да направиме промена во наш интерес“.

Ким Јонг Ун
Ким Јонг Ун

За Иранскиот нуклеарен договор пак, ќе каже дека никој не обрнувал внимание на „Манијакот од Северна Кореја“:

„Никој не ја спомнува Северна Кореја каде го имаме оној манијак кој располага со нуклеарно оружје, и некој треба да размислува за Северна Кореја и други места. Во Северна Кореја имаме човек кој секојдневно седи со нуклеарно оружје и константо се заканува дека ќе го употреби, а ние не го ни спомнуваме тоа“.

За себе тој смета дека е добар бизнисмен, а за одржување на добри бизнис-односи со Кина, нивната Влада треба да биде укорена поради опресивните мерки кон кинескиот народ.

„Зошто сум загрижен за политичките права? Јас сум добар бизнисмен и можам да бидам целосно неемотивен каде што треба. Го признавам тоа кога треба, не можеме многу да направиме ние во внатрешните политики на земјите. Но не можам да го занемарам третманот на Кинезите од нивната влада. Јас го велам следново: Опресивните политики јасно даваат до знаење дека актуелната влада на Кина го презира начинот на кој што живееме. Сакаме да тргуваме со нив поради големината на пазарот. Но ако режимот продолжи да ги репресира индивидуални слободи, колку потрошувачи таму ќе има?

Мораме јасно да кажеме дека сакаме да тргуваме со Кина но не така што тргуваме со нашите принципи, и дека никако нема да ни биде отворен пазарот за земјите кои крадат од нас“, ќе напише Трамп во книгата „Америка која ја заслужуваме“.

бегалска криза брегзит Доналд Трамп. Владимир Путин НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.