НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛП ги утврди кандидатските лиси за претстојните избори

0
By Нова ТВ on November 10, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На синоќешната седница на Централниот комитет, ЛП ги утврди листите на кандидати за претстојните предвремени избори.

Претседателот Ивон Величковски е носител во првата, потпретседателот Кире Бузлиев во втората, Даница Јованова од Кавадарци во четвртата, а економистите Данчо Марковски од Велес и Кице Мицковски од Ресен се носители во третата и петтата единица.

Извршниот комитет е овластен да ги утврди евентуалните листи на кандидати за изборните единици 6 и 7.

– Доста беше нечујност и невидливост. Доста беше балансирање со туѓите на сметка на политиките, понудата и ставовите на Либералите. Сега секој што ќе ја поддржи Либералната платформа – поддржува јасна платформа на граѓански блок во кој поддршката ја дава лично и несебично – на основа на анти-популизам, реализам и одржливост. На основа на она што го гледа и чувствува, без поткуп, закана или притисок. Затоа што така сака. И затоа што ќе ја брани слободата на свој избор.

Доволно беше одење по „големата“ слика во интерес на туѓи партиски елити. Доволно сносевме одговорност за туѓи грешки. Сега е до нас – или ќе успееме – или ќе успееме. Нема алтернатива.Нашата борба е консолидирана Македонија. А неа може да ја донесат луѓе само без претходни флеки, иако нема да ме изненади да се обидат да не внесат во нивните валканици. Бидете внимателни и отпорни. Пробале да не поткупуваат, да не заплашуваат – не успеале. Затоа сме денес тука каде што сме.

Од овие причини немаше основа за соработка со партиите кои политиката сакаат да ја водат како и сега. Директно речено, не сакаме да учествуваме во партискиот поредок на „големите“ што мора да го срушиме. Затоа што тој поредок е основата за кризата што ја живееме континуирано, рече претседателот а партијата Ивон Величковски.

Тој ги повика, како што рече, не само либералите и неопределените, туку и сите оние кои кои сметаат дека е потребна опозициска политика за победа на власта, а не за кохабитација со власта.

избори кандидатски листи ЛП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.