НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уапсени две лица кои планирале терористички напади во Македонија

0
By Нова ТВ on November 10, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Две лица од Скопје на возраст од 23 и 24 години кои планирале терористички акции биле уапсени на 4 овој месец во регионалната акција за борба против тероризмот, изјави денеска Митко Чавков, директор на Бирото за јавна безбедност.

„За овие лица постојат разузнавачки информации за нивна инволвираност во подготвување на извршување на кривично дело „Тероризам“. По претходно издадени наредби извршени два претреси од кои едниот во Скопје а другиот во село Арачиново при што пронајдени и со потврда одземени беа мобилни телефонски апарати со сим картички, фотоапарати со микро картички, метален боксирач, регистарски ознаки, куршум, компјутерски куќишта, таблет, УСБ и разна документација. За време на извршените претреси пронајдено и обезбедено е 24 годишното лице од Арачиново, додека второто лице е приведено на Косово“, рече Чавков.

Директорот на БЈБ рече дека против лицето уапсено во Скопје поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тероризам“, а од страна на судија за претходна постапка изречена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Чавков на денешната прес конференција соопшти и дека во вторникот во организирана акција пресекле меѓународен канал за трговија со дрога и заплениле 108,5 килограми марихуана. Дрогата, чија вредност на наркопазарот се проценува на околу 1 милион евра, била со потекло од Албанија, а требало да заврши во Турција.

Во оваа акција биле уапсени четири лица, од кои двајца македонски, еден косовски и еден албански државјанин.

Чавков нагласи дека првоосомничениот бил инволвиран и во случајот со Закир Бекири, познат под прекарот Чауш, кој беше обвинет за фалсификување лични карти и пасоши.

„Заради ваше информирање, истиот беше на извесен начин и во конекција и во случајот што беше поврзан со Чауш, односно со лицето што беше инволвирано со разни криминални активности поврзани со фалсификување најразлична документација. Во таа документација најдовме податоци за фалсификување медицинска документација и за првоосомничениот во овој случај“ , рече Чавков на денешната прес конференција.

акција притвор тероризам терористи уапсени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.