Бразил ја понижи Аргентина со 3:0 во дербито на јужноамериканските квалификации за светското фудбалско првенство во Русија во 2018 година. Воведот на средбата во Бело Хоризонте, за нијанса, им припадна на „гаучосите“. По голот на Кутињо во 24 минута, на теренот постоеше само еден тим. Работата ја довршија Нејмар и Паулињо за прво место на табелата со бод предност во однос на Уругвај.
Аргентинците се сега шести и ако сега би завршиле квалификаците, би останале без учество на СП. Сè уште е рано да се отпишат од завр[ниот турнир, но нивната мизерна форма продолжува и под водство на Едгардо Бауза на кого не му е од корист ниту враќањето на Лионел Меси во националниот тим. Ѕвездата на Каталонците „не се виде“ на тревникот и во тандем со Гонзало Игуаин беа тотално безопасни, комплетниот тим изгледаше немоќно.
Покрај убедливиот триумф на Бразил или пораз на Аргентина, за истакнување е „бомбата“ на Кутињо. Фудбалерот на Ливерпул постигна ефектен гол за докажување пред скаутите на Барселона, но и на Реал Мадрид кои го следеа мечот од трибините на стадионот „Минерао“.
Јужна Америка, квалификации за СП 2018
Резултати
Бразил – Аргентина 3:0
Венецуела – Боливија 5:0
Парагвај – Перу 1:4
Уругвај – Еквадор 2:1
Колумбија – Чиле 0:0
Табела: Бразил 24, Уругвај 23, Колумбија 18, Еквадор 17, Чиле 17, Аргентина 16, Парагвај 15, Перу 14, Венецуела 5, Боливија 4.
Идно коло (вторник/среда)
Аргентина – Чиле
Колумбија – Боливија
Парагвај – Еквадор
Уругвај – Бразил
Венецуела – Перу
https://www.youtube.com/watch?v=FOSQ4T57Ba0