НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Милетиќ побара шанса да помогне во буткањето на режимот

0
By Нова ТВ on November 11, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Драгиша Милетиќ не ни побара никакво функционерско, ниту пак пратеничко место за да се приклучи во опозицијата, само сакаше можност да се покае за тоа што згрешил и да учествува во борбата против режимот, рече денеска на прес конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања.

„Секој што на еден или друг начин се покајал и одлучил да се приклучи во борбата против режимот е добредојден. Милетиќ побара шанса да се искупи за она што го направил и ние му ја дадовме. Делегатите на партијата и Централниот одбор на конгресот му дадоа право на  претседателот на партијата самостојно да одлучува за ова, така што тука не гледам проблем. Секој има право на свое мислење. Инаку уште еднаш ќе кажам дека овие дебати се повеќе од добредојдени“, рече Заев.

Инаку лидерот на партијата на денешната прес конференција претстави уште еден сегмент од програмата на партијата.

Заев најави генерален реизбор на сите судии во државата.

„Доста страдаа граѓаните и чесните луѓе, додека криминалци и насилници од власта и нивни соработници се на слобода. Ќе ја раскинеме целосно спрегата на несовесното судство со криминалната, корупциска и неодговорна власт на Никола Груевски. Ниеден судија повеќе нема да си дозволи да осудува невини луѓе и нема да смее да помисли да монтира судски процеси. Затоа што криминалците ќе бидат, каде што им е местото. Пред лицето на правдата. Со реизборот во судството, политичарите, извршната власт, ќе мора да ги повлечат канџите од судството! Реизборот ќе се случи по критериуми што веќе во повеќе земји даваат видливи резултати“, рече Заев.

Тој рече и дека бројчаникот што СДСМ ќе го постави на Триумфалната капија ќе покажува како секој денар украдени пари на граѓаните се враќаат и ќе биде паметник за секого, дека за такво вакво зло врз граѓаните, се одговара.

Драгиша Милетиќ избори режим СДСМ СНС судии судство Триумфална капија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.