НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Битка за Британија“ на Вембли: Англија ја нокаутира Шкотска (ВИДЕО)

0
By Нова ТВ on November 12, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Англија ја совлада Шкотска во фудбалската „битка за Британија“ на „Вембли“ во рамки на четвртото коло во квалификациите за СП 2018. „Островското дерби“, резултатски, им припадна на домашните, но играчки не дотолку како што отсликува конечниот резултат. И додека Шкотланѓаните ги промашуваа своите прилики, Англичаните ги реализираа своите и со трите гола, сите со глава, на Стариџ, Лалана и на Кејхил останаа на првото место на табелата во групата Ф.

https://www.youtube.com/watch?v=_rDSS-hg2SA

Словенија, потешко одошто се очекуваше, ги понесе трите бода од гостувањето на Малта. Вербич беше стрелец на единствениот гол за составот на Среќко Катанец во 47 минута. Словачка, во истата конкуренција, триумфира над Литванија со 4:0 со погодоците на Немец, Куцка, Шкртел и Хамшик.

https://www.youtube.com/watch?v=4odLAPBVyvI

Германија броеше до осум во Сан Марино, хет-трик на Гнабри

Германија немаше милост на гостувањето во Сан Марино. „Панцирите“ го совладаа аутсајдерот во групата Ц со 8:0. Серж Давид Гнабри од Вердер постигна хет-трик, Јонас Хектор од Келн беше двоен стрелец, по еднаш погодија Кедира, Фоланд и Стефанели кој ја затресе сопствената мрежа.

https://www.youtube.com/watch?v=hbTAK4dizs8

Северна Ирска, сега, е прва наредна на табелата по составот на Јоаким Лев. Островјаните, како домаќини. вечерва го совладаа Азербејан на Роберт Просинечки со 4:0. Чешка, пак, освои три бода во дуелот со Норвешка по триумфот со 2:1.

Црногорците водеа на полувреме во Ереван, Ерменците славеа на крајот

Црна Гора доживеа шокантен пораз во Ереван. Црногорците водеа со 0:2 по првото полувреме, но насмевките од паузата ги заменија со тага и разочарување на крајот. Ерменија успеа да направи целосен пресврт и со погодокот во судиското продолжение да сочува три бода. Стрелец на првиот гол за гостите беше вардаровиот фудбалер Дамир Којашевиќ, за домашните, поради повреда, не настапи Хофханес Хамбарѕумјан од редовите на македонскиот шампион.

https://www.youtube.com/watch?v=HrAnugggmN0

Квалификации за СП 2018

Резултати, 4. коло

Група А

Франција – Шведска 2:1 (0:0)

Табела: Франција 10, Шведска 7, Холандија 4 (-1), Бугарија 3(-1), Белорусија 2 (-1), Луксембург 1 (-1).

Група Ц

Чешка – Норвешка 2:1 (1:0)

Северна Ирска – Азербејџан 4:0 (2:0)

Сан Марино – Германија 0:8 (0:3)

Табела: Германија 12, Северна Ирска 7, Азербејџан 7, Чешка 5, Норвешка 3, Сан Марино 0.

Група Е

Романија – Полска 0:3 (0:1)

Данска – Казахстан 4:1 (2:1)

Ерменија – Црна Гора 3:2 (0:2)

Табела: Полска 10, Црна Гора 7, Данска 6, Романија 5, Ерменија 3, Казахстан 2.

Група Ф

Англија – Шкотска 3:0 (1:0)

Словачка – Литванија 4:0 (3:0)

Малта – Словенија 0:1 (0:0)

Табела: Англија 10, Словенија 8, Словачка 6, Литванија 5, Шкотска 4, Малта 0.

Англија квалификации за СП 2018 фудбал Шкотска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.