Ростов го совлада комбинираниот и тим на Баерн Минхен со 3:2 во воведниот меч од денешната програма во Лигата на шампиони. Првата победа на рускиот состав во европската клупска елита ја донесоа Азмун во 44 минута, Полоз во 50 минута од пенал и Нобоа во 67 минута, Коста во 35 минута и Бернат во 52 минута беа стрелци за Баварците.
Во вториот меч во групата Д вечерва Атлетико Мадрид го пречеква ПСВ Ајндховен. По поразот во Русија, Баерн Минхен, се чини, останува без првото место на табелата. Ростов, пак, со овие три бода е многу блиску до презимување на европската сцена и продолжување во осминафиналето во Лига Европа на напролет.