Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што ветија политичарите на денешните митинзи

0
By Нова ТВ on November 23, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 23, 2016 23:00

Покачување на пензиите, платите, субвенции, враќање на парите, еднаквост, фискална амнестија ветуваа политичките партии на денешните митинзи.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од митинзите во Неготино и Кавадарци на граѓаните им вети дополнителни субвенции и откуп на грозје и ја искористи шансата да го нападне својот противник од опозициската СДСМ. Тој се обрати до неопределените гласачи и ги праша дали повеќе му веруваат нему или пак на Зоран Заев.

Заев, во Демир Хисар, презентирајќи ја предизборната програма „За живот во Македонија“ рече дека нивната цел е да го вратат животот во Македонија преку враќање на парите кон граѓаните, но и преку враќање на слободата на демократијата и на правдата.

Павле Трајанов и Јове Кекеновски, носители на листите за пратеници од Коалицијата за промени и правда денеска разговараа со граѓаните во повеќе населби во Скопје. Тие нагласија дека за излез од кризата, неопходни се промени.

Тие на граѓаните им ветија еднакви услови за бизнис на домашни и странски компании, поддршка на компании кои градат фабрики и најниска плата од 300 евра. Повеќе пари за образование, здравствена заштита, но, и за гасификација, изградба на надвозници и подвозници во Скопје .

Од Коалицијата ВМРО за Македонија ветија дека токму тие ќе одлучуваат за новата влада. Љубчо Георгиевски изјави дека жали, што ВМРО-НП, Достоинство и Обединети за Македонија не се соединиле досега, затоа што анализите покажувале дека можат да освојат најмалку десет пратеника во Собранието.

Демократската партија на Албанците на жителите во Челопек, Тетово им ветија дека ќе ги решат сите проблеми на Албанците во Македонија. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи вети дека со формирање на парламентарниот состав ќе предложат да се донесе закон за фискална амнестија или бришење на сите долгови што ги имаат Албанците кон државата.

Од ДУИ пак, најавија, дека сите граѓани на Македонија треба да се помират со тоа дека двојазичност ќе има и да го научат Албанскиот јазик.

ветувања избори кампања митинзи параламентарни избори политички партии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 7, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

ВЕСТИ May 7, 2026

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп претстави нова стратегија за борба…

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.