НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стари лица во дом во Неготино, фотографирани со шалчиња на ВМРО-ДПМНЕ

0
By Нова ТВ on November 24, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Како може вака да ги злоупотребуваат стари лица, За ова да го направиш треба да немаш душа, ова е изживување врз старите лица“, се дел од коментарите под фотографија направена во домот за стари лица во Неготино „Жана“. На фотографијата се гледаат стари лица, некои и во инвалидски колички, а на себе имаат шалчиња од партијата ВМРО-ДПМНЕ, додека веднаш до нив стои градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов и кандидатката за пратеник на партијата Павлинче Честојнова.

Градоначалникот за НОВА вели дека во посета на домот бил како член на политичка партија заедно со кандидатката за пратеник и дека никој на сила на граѓаните не им поделил рекламен материјал.

„И кога нема и кога има избори ние одиме во посета на домот. Јас таму бев како претставник на мојата политичка партија со кандидатката за пратеничка. Граѓаните сами си побараа рекламен материјал и активистите кои беа со нас им поделија. Нема ништо лошо во тоа, не знам зошто опозицијата сака да ја изврти целата приказна. Ние имаме одлична соработка со сите институции и фирми во Македонија, рекламен материјал делиме само на оние што сакаат, не правиме ништо погрешно ниту на сила. А со старите лица се фотографиравме на нивно барање“, вели градоначалникот на Неготино.

Од домот денеска не добивме одговор, иако неколку пати телефонски ја баравме директорката Снежана Илова, и ни посочија прашањата да им ги испратиме по електронска пошта, со тоа што одговор НОВА ќе добиела до утре.

Ивана Стојановска, претседател на здружението за меѓугенерациска солидарност „Доблест“, вели не е страшно тоа што лицата биле фотографирани со шалчиња и маички од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што најверојатно би се фотографирале и со рекламен материјал од друга политичка партија.

„Ние не би заземале страна за објавувањето на сликата, доколку тоа било посета на Градоначалникот кој претпоставувам е од ВМРО, им бил поделен рекламен материјал, тие ги облекле маичките, тоа не мора да значи дека тие се симпатизери на таа партија. Доколку друга партија дојде во посета на домот, и подели рекламен материјал сигурно ќе се постапат исто.  Право на директорката е дали ќе дозволи фотографирање на лицата што се сместени таму. Ние лично не би ја критикувале директорката затоа што се работи за исклучителна жена која што ги сака старите лица. Покрај толку проблеми со кои се соочуваат старите лица, ние не би се фатиле за маичките кои ги облекле“, вели Стојановска.

Дом Жана политички партии рекламен материјал стари лица фотографии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.