Северин Фројнд триумфира во вториот натпревар во скијачки скокови во новата сезона. Германецот, победник во Светскиот куп пред две години, беше најдобар во Раку, ски-рисорт во Кусамо, Финска и со летови од 146 метри во првата серија и 138 во втората собра вкупно 290,6 бода што му беа доволно за највисокото место на подиумот. Ова за него е прва победа по Оберсдорф лани, вкупно 22 во кариерата.
Второто место во финскиот зимски центар го освои Норвежанецот Даниел Андре Танде (131,5 метри/139 метри), трет беше Мануел Фатнер од Австрија (136 метри/133,5 метри). Премиерата во оваа сезона, вчера, мина во знакот на Словенецот Домен Превц (17). Тинејџерот од Крањ со два одлични скока (138,5 метри/140,5 метри) ги одби налетите на конкурентите и заслужено славеше на далечниот европски север. Неговиот повозрасен и поискусен брат го го освои третото место, а меѓу нив се најде денешниот победник Фројнд.