НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ни македонска Влада ни ЕУ не прават ништо за слобода на медиумите

0
By Светлана Јовановска on November 30, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската влада, но и ЕУ, не презеле ништо конкретно за да им се стави крај на пречките кои стојат пред слободата на медиумите, критикува невладината организација „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) во најновото соопштение за балканските земји.

„Владите имаат мала политичка волја да ја подобрат медиумската слобода. Некои новинари се соочуваат со гонење преку сомнителни кривични пријави, а владите доделуваат и ги задржуваат приходите од рекламирање во обид да го замолчат критичкото известување и да ја намалат независноста на медиумите“, се вели во извештајот.

Освен тоа, ХРВ заклучува дека во Македонија, како и на целиот Балкан, владата врши притисок врз медиумите со своето рекламирање.

И покрај тоа што Здружението на новинари на Македонија регистрирало 30 напади на новинари во последните четири години, владата ги нема пронајдено осомничените за ниту еден од овие случаи. Наместо тоа, во Македонија биле уапсени новинари:

„Владата уапси неколку новинари, често во сомнителни околности. Во 2013 година, властите во обвинија Зоран Божиновски, автор на критичкиот блог „Буревесник“, дека е дел од шпионска афера на неименувана странска влада. По барање на Македонија, тој беше уапсен во Србија каде што беше држен 10 месеци и потоа пуштен без поднесено обвинение. Во мај 2016 година, Божиновски беше повторно уапсен во Србија и екстрадиран во Скопје, каде што е притворен поради шпионажа, уцена и криминални активности“, вели ХРВ.

Организацијата вели дека ова апсење се случило за време на политичката криза во која имаше големи антивладинини протести. Скандалот со прислушувањето е причината за избивањето на оваа политичка криза која започна во 2015 година кога опозицијата откри дека властите нелегално прислушувале повеќе од 100 новинари.

Организацијата го критикува и комесарот за проширување Јоханес Хан кој го споменал недостигот на слободата на медиумите но “не дал детали за недостигот на ефикасни истраги кај владите за нападите врз новинарите”.

ХРВ ја критикува полицијата која “тепала новинари во голем број случаи” иако новинарите носеле официјални медиумски акредитации.

“Во време кога е најважно, независното новинарство на Балканот е стои пред ѕид. Тоа нема да се смени доколу ЕУ не им стави јасно на знаење на владите на Западниот Балкан дека нивните европски аспирации зависат од слободно и просперитетно новинарство”, изјави Лидија Гал од ХРВ.

Европската комисија (ЕК) редовно изразува загриженост поради недостаток на слобода на медиуми во регионот. И во последниот извештај за напредок на ЕК објавен на 9 ноември се зборува за овој проблем но тој извештај не содржи детални препораки за решавање на овој проблем, вели ХРВ. Организацијата го критикува и комесарот за проширување Јоханес Хан кој го споменал недостигот на слободата на медиумите но “не дал детали за недостигот на ефикасни истраги кај владите за нападите врз новинарите”.

ХРВ им препорачува на ЕК и земјите членки на ЕУ да вршат посилен притисок врз властите на Балканот за да се сопре заплашувањето на новинарите а слободата на медиумите мора да стане висок приоритет во преговорите за членство во ЕУ. Досега ХРВ не забележала политичка волја кај владите за подобрување на климата за медиумска слобода.

Влада ЕУ Јоханес Хан Македонија слобода на медиуми Хјуман Рајтс Воч
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.