Џенова ја совлада Перуџа со 4:3, по продолженија, и се пласира во осминафиналето во Купот на Италија. Два гола во триумфот на екипата од „Луиџи Ферарис“ постигна Горан Пандев, по еден дадоа Аргентинецот Симеоне и Србинот Нинковиќ. Мечот во регуларните 90 минути заврши 2:2.
Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија беше стартер и одигра 102 минути. Во листата на стрелци се впиша во 37 минута и во 100-та и сега има вкупно три погодоци во натпреварувањето во оваа сезона. Првиот го постигна во август против Лече во победата со 3:2.
Противник за четвртфинале на Џенова ќе биде тимот на Лацио.