НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европол предупредува од можни терористички напади на европско тло

0
By Нова ТВ on December 2, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европол предупредува дека џихадистите на ИСИС ќе ги зголемат напорите за напади во европските градови како резултат на битката којa ја губат на Блискиот Исток. Според Европол може да зачестат случаите со автомобил-бомби, киднапирања и слично.

Сепак во извештај на Европол се вели дека засега разузнавачките информации не даваат знак за можност на напади врз инфраструкура од типот на нуклеарни складишта.

Европол предупредува во својот извештај и дека одредена ранлива група на бегалци можат лесно да потпаднат во рацете на екстремистички регрути и за одредена сума да им се приклучат.

ЕУ досега се соочила со огромни закани и напади од организирани ќелии кои се поврзуваат со ИСИС, а се одвивале со автомобил-бомби, рачно изработени направи, експлозиви и слично.

Првиот човек на европската полиција Роб Веинрајт, додава дека бројот на разбиени екстремистички планови се зголемил поради соработката на службите на меѓународно ниво.

Веинрајт сепак предупредува од можни напади на индивидуални напаѓачи.

– Заканите се од различни места, предизвикувачки и мораме да бидеме будни и да разменуваме информации за да ги таргетираме поголемите опасности, вели Веинрајт.

Во европскиот свет неодамна, Париз беше потресен по нападите во јануари 2015 година врз канцеларијата на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“. Во ноември истата година, беше нападната концертната салата Батаклан и неколку ресторани во Париз при што стотици цивили загинаа.

Во март оваа година, на бриселскиот аеродром во самоубиствени напади загинаа 32 луѓе.

Во јули загинаа над 80 луѓе откако за време на прославата на Денот на Бастиља камион влета во собраниот народ и газеше пред себе. Набрзо потоа во Германија на повеќе локации беа извршени напади.

Европол ИСИС терористички напад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.