Поранешниот германски тениски ас, сега тренер, Борис Бекер се огласи преку социјалите мрежи по официјалниот раскин на соработката со Новак Ѓоковиќ.
„Ти благодарам. Го имавме најдобриот период во нашите животи“, напиша Германецот на својот „Твитер“ налог.
Бекер беше прв тренер во стручниот штаб на Ѓоковиќ од декември во 2013 година. Заедно со него, Србинот забележа 25 турнирски победи меѓу кои и шест гренслем. Нешто поопширен беше во збогувањето на „Фејсбук“.
„По три успешни години, јас и Новак решивме да ја прекинеме соработката. Ги реализиравме сите цели што ги зацртавме на почетокот. Сакам да му се заблагодарам што бев негов главен тренер. Ми беше шест и задоволство да работам со таква личност каква е Ѓоковиќ и му посакувам се најдобро на приватен и професионален план“, порача Бекер.
Прекинот на соработката доаѓа по големиот пад во формата на Ѓоковиќ што се одрази на резултатски план во втората половина на сезоната што го чинеше и губење на лидерската позициа на АТП листата.