Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши изборната кампања, молкот почнува на полноќ

0
By Нова ТВ on December 9, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 9, 2016 21:48

Партиите вечерва ја завршија изборната кампања. Од полноќ почнува изборниот молк, период во кој партиите повеќе не можат да ги презентираат своите програми за да им дозволат на гласачите да ја донесат одлуката за кого ќе гласаат на 11 декември.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва во Арачиново порача дека граѓаните на Македонија пишуваат историја и избираат живот со гласањето за оваа партија. И му упати на Груевски велејќи дека федерализација нема да има но дека конфискација ќе има.

„Ова големо присуствуво овде покажува дека заедно испишуваме историја. Нека пукнат Груевски и Ахмети, го распукавме режимот, прснат е на парчиња, затоа што сме единствени сплотени и заедно ќе им покажеме дека може да има заеднички живот во Република Македонија. Сиромаштијата хара насекаде и тука во Арачиново и мое Муртино во Струмица. Младите ни се иселуваат. Исто боли солзата и на мајката Македонка и на мајката Албанка. Ова единство ќе го донесе животот подеднакво за сите. Измислуваат федерализација и кантонизација- лажат, ќе има конфискација, се што ви украдоа се ќе ви вратат. Очите на целиот свет се вперени во Македонија. Ќе видат на 11 декември дека е можно заедно да сме здружени и сплотени и победничка Македонија да испрати порака за соживот и живот“, рече  Заев.

Во недела ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прокнижи својата 10 по ред победа на овие избори, а една од главните преокупации ќе биде да отвориме нови работни места, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа на коалицијата „За подобра Македонија“ во ИЕ 4 Никола Груевски при денешната средба со граѓани во Криволак и Долни Дисан, Неготинско.

Тој одржа и прес конференција на која рече:

“Ветивме пресинг на терен и присуство секаде, мислам и дека во тоа успеавме. Изборните штабови тоа буквално го сфатиле па имав така набиена агенда што на моменти од прилепско Канатларци, наеднаш летав накај Св. Николе, или од струмичко Муртино до скопско Ѓорче Петров. Но поминавме одлично и масовноста на нашите настани  како и срдечноста на луѓето кои ги сретнувавме беа доказ дека сме на вистинскиот пат, народот масовно ни се приклучуваше и ни се приклучува и ни дава сила да истраеме и  да продолжиме напред во оваа нова победа која ја очекуваме сите”.

Своето обраќање Груевски го заврши повикувајќи ги сите да гласаат:

“Сите да излезете и да го дадете вашиот глас, ако сметате дека треба да ни дадете поддршка нам во ред, ние ќе бидеме благодарни и нема да ве изневериме, го знаете тоа, ние ја кажавме нашата програма и она за што се залагаме и што може да очекувате од нас, ако пак сметате дека треба да им дадете поддршка на Заев и неговите соработници, повторно во ред, поентата ми е дека тоа треба да е ваша и само ваша одлука. Јас сум убеден дека вие знаете што е подобро за вас, за вашите семејства  и што е подобро за Македонија!

11-ти декември недела, сите заедно да направиме да биде празник на демократијата и ден на гордост. А вечерта да слави Македонија!”, рече Груевски.

 

Груевски Заев избори митинг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.