НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Арсенал не губи надеж: Еден ден и ние ќе славиме против Баерн М.

0
By Нова ТВ on December 12, 2016 СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Арсенал го доби Баерн Минхен за противник во осминафиналето во Лигата на шампиони. Двата тима одиграа десет натпревари од сезоната 2000/01, но и покрај тоа што билансот е страна на германскиот првак, на „Емирати“ во Лондон не губат надеж за новиот двомеч. „Топчиите“ имаат три победи наспроти петте на Баварците меѓутоа никогаш не ги елиминирале во нокаут фазите во елитното друштво на УЕФА.

Екипата од „Алианц арена“ на чие кормило моментно е Карло Анчелоти го отстрани Арсенал во осминафиналето во сезоните 2004/05, 2013/14 и 2014/15. Премиерлигашот, сепак, во февруари и во март догодина ќе има прилика за реванш и конечно уривање на непријатната низа во дуелите со бундеслигашот.

„По 17 пат едноподруго се пласиравме во групната фаза во Лигата на шампиони. Тоа е доволен доказ за добрата работа на менаџерот Арсен Венгер и фудбалерите во сите изминати сезони. Навивачите ќе мислат дека немавме среќа во ждрепката меѓутоа еден ден ќе мора да ги победиме“, рече секретарот на Арсенал, Дејвид Мајлс.

Во Баерн Минхен се свесни дека ги чека тешка задача во осминафиналето. Тренерот Карло Анчелоти изрази респект кон неговиот колега во Арсенал, потенцира дека ривалот е среде фантастична серија резултати и најави две неизвесни средби за пробивање на патот кон најдобрите осум.

„Имам доверба во играчите и се надевам дека ќе се пласираме во четвртфинале. Арсенал има добра екипа, имам исклучително високо мислење за Венгер“, рече Анчелоти по ждрепката во Нион.

Лига на шампиони

Двојки за осминафинале

Баерн Минхен – Арсенал

ПСЖ – Барселона

Бенфика – Борусија Дортмунд

Реал Мадрид – Наполи

Манчестер сити – Монако

Баер Леверкузен – Атлетико Мадрид

Порто – Јувентус

Севилја – Лестер

Осминафиналната фаза почнува на 14/15 февруари и нејзиниот прв ќе биде комплетиран на 21/22 февруари. Реваншите се закажани за 7/8 март и 14/15 март

 

Арсенал Баерн Минхен Ждрепка Лига на шампиони Осминафинале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.