Наполи го договори првото засилување за јануарскиот преоден рок. Според „Скај Спорт Италија“, тоа е Леонардо Паволети (28) од Џенова кој се сели на „Сан Паоло“ за сума од 18 милиони евра.
Италијанскиот напаѓач ќе пристигне во Неапол како замена за повредениот Аркадиуш Милик. Со ова отпадна опцијата за преселба на Илија Несторовски од Палермо што беше најавувана како можна.
Паволети и Наполи, пишуваат италијанските медиуми, го делат само лекарските прегледи. Интерес за него пројавија и Валенсија, Стоук и Вест Хем.
Паволети настапуваше за Џенова од 2015 година. Во 44 натпревари досега постигна 23 гола, а напролет ќе има прилика да дебитира и во Лигата на шампиони. Неаполотанците за противник во осминафиналето го добија Реал Мадрид.