Заврши мачењето за МЗТ Скопје во кошаркарскиот Еврокуп. „Металците“ загубија на гостувањето на Канарските острови од шпанска Гран Канарија со 87:75 (по четвртини: 29:17, 17:23, 26:18, 15:17) во последното осмо коло во групната фаза и без ниту една победа се простија од натпреварувањето за оваа сезона. Ројс О’Нил постигна најмногу кошеви на средбата, 23, Мекелјеб и Паули уфрлија по 12 за победничката екипа. Лалиќ беше најефикасен кај македонскиот шампион со 15 поени, Дреновац даде 13, Симоновски 12, Младеновски запиша 11.
Аеродромци беа солидни при изведувањето на слободните фрања, во ударите за два и одлични во скоковите (38), но повторно беа лоши за тројка. Погодија само 7 пати од 24 обиди, а притоа загубија и 21 топка. Гран Канарија го искористи тоа, го имаше мечот под контрола, ја потврди разликата во квалитет во однос на МЗТ Скопје и како првопласирана во групата продолжува во наредната фаза.
Еврокуп
Група 1
Резултати, 8. коло
Гран Канарија – МЗТ Скопје 87:75
Нижни Новгород – Цедевита 82:84
Табела
Гран Канарија (7 победи-1 пораз)
Цедевита (6-2)
Нижни Новгород (4-4)
Лиеткабелис (3-5)
МЗТ Скопје (0-8)