Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе игра против Шведска во баражот за Светското првенство во Германија во 2017 година. Првиот меч е во Скопје (термини 9/11 јуни), реваншот е закажан четири дена подоцна.
Најдобрите македонски ракометарки го почнаа мундијалскиот циклус со квалификациски турнир на Фарски острови. По победите над домашната селекција (21:19) и убедливиот над Исланд во последното коло (27:20) „црвено-жолтите“ завршија на второто место, зад Австрија, и обезбедија место во баражот.
Светското првенство во Германија е од 1 до 17 декември догодина. Финалниот викенд ќе се игра во „О2 арена“ во Хамбург чиј капацитет е 13.000 места. На турнирот ќе учествуваат 24 селекции од кои 14 ќе бидат европски. Директен пласман досега осигураа осум репрезентации. Покрај домашната и Норвешка како бранител на тронот, на мундијалот ќе играат и Данска, Франција, Холандија, африканскиот првак, Ангола, Тунис и Камерун.
Бараж двојки за СП 2017
Македонија – Шведска
Италија – Србија
Црна Гора – Белорусија
Хрватска – Словенија
Русија – Полска
Унгарија – Словачка
Романија – Австрија
Украина – Шпанија
Чешка – Турција