Ракометарите на Барселона се освојувачи на АСОБАЛ Купот на кој настапуваат најдобрите четири екипи од есенскиот дел во шампионатот на Шпанија. Во финалето во Леон попладнево Каталонците ја совладаа екипата на Гранолјерс со 30:25 (полувреме 15:13).
По вчерашната победа против Ла Риоха, ракометарите на Барселона одиграа уште еден финален меч против Гранолјерс, како и во ланските изданија на кралскиот куп и Суперкупот на Шпанија и Каталонија оваа сезона.
Во екипата на Барселона се истакнаа Лазаров со 9 и Томас со 7 гола, а кај Гранолјерс најефикасен беше Фигерис Трехо со 4 гола. Ова е трета титула оваа сезона за екипата на Лазаров и Ристовски по АСОБАЛ Суперкупот и Суперкупот на Каталонија.
Со освојувањето на АСОБАЛ Купот во Леон, Кире Лазаров, нашиот репрезентативен капитен дојде до бројката од 52 трофеја во кариерата.
Сите трофеи на Кирил Лазаров:
Освојувач на Лигата на шампионите:
1 пат (со Барселона/Шпанија)
Освојувач на ИХФ Супер глоб:
3 пати (1 со Атлетико Мадрид/Шпанија; 2 со Барселона/Шпанија)
Национален првак:
17 пати (2 со Пелистер/Македонија; 7 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб)/Хрватска; 5 со Фотекс Веспрем/Унгарија; 3 со Барселона/Шпанија)
Освојувач на националниот Куп:
17 пати (2 со Пелистер/Македонија; 5 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб)/Хрватска; 5 со Фотекс Веспрем/Унгарија; 3 со Сиудад Реал (Атлетико Мадрид)/Шпанија, 3 со Барселона/Шпанија)
Освојувач на АСОБАЛ Купот:
5 пати (1 со Атлетико Мадрид/Шпанија; 4 со Барселона/Шпанија)
Освојувач на АСОБАЛ Суперкупот:
6 пати (2 со Атлетико Мадрид (Сиудад Реал)/Шпанија; 4 со Барселона/Шпанија)
Освојувач на Каталонскиот Суперкуп:
2 пати (Барселона/Шпанија)