Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џолев: Пријавата против мене е непотребна и треба да се отфрли

0
By Нова ТВ on December 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 19, 2016 14:15

„Не се чувствувам виновен и одговорен за пријавата која поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски ја поднел против мене. Мислам дека е непотребна и дека треба да се отфрли како неоснована“, рече судијата Иван Џолев на денешната јавна седница во Советот за утврдување на факти.

Според пријавата на Панчевски, на крајот на септември, судијата Иван Џолев, на покана на здружението на судии, отишол во Хрватска на семинар и покрај тоа што по распоред бил дежурен судија за прекршоци кои постапуваат по предмети од јавен ред и мир.

Објаснувајќи како дошло до настанот, Џолев рече дека бил поканет на Меѓународна конференција на судии, а бидејќи бил дежурен во наведениот период, откако не добил одговор на барањата и на телефонските повици да се сретне лично и да го извести Панчевски, му напишал писмо во кое го известил за патувањето и побарал од него да определи друг судија што ќе го замени на дежурство.

„Очигледно Панчевски моето известување за отсуство го третирал како барање и го одбил. На ова, одговорив со резолуција, во која го известив Панчевски дека судијата Насер Хаџиахметагиќ ќе ме менува. На ова не добив никаков одговор, заминав на конференција, а работата не трпеше“, рече Џолев.

Судијата пред Советот посочи дека и во самиот распоред за дежурства што го направил Панчевски, пишува дека судиите можат меѓусебно да се заменуваат на дежурство.

„Јас сум горд што бев на таа конференција. Ова ни е дозволено и во законот за судови ‘судијата е должен да се едуцира, пишува во законот’ “, рече Џолев, цитирајќи членови од законот за судови.

Адвокатот Стеван Павлески очекува Советот да ја отфрли пријавата на Панчевски, која, како што рече е поднесена од ниски и лични побуди.

„Се гледа дека барањето е поднесено од лични и ниски побуди. вакво нешто до сега се нема случено во правосудството и затоа очекувам иницијативата да биде отфрлена“, изјави адвокатот Стеван Павлески.

Комисијата која го испитуваше Џолев ја сочинуваат пензионираните судии и обвинители, Злата Стамболиска и Јордан Лазаров и Кире Секулоски.

Тие во рок од 10 дена треба да поднесат извештај до Советот, кој на седница ќе одлучи дали ќе ја прифати иницијативата и ќе ја препрати до Судскиот совет или ќе ја отфрли.

Владимир Панчевски дисциплинска постапка Иван Џолев обвинители пријава Совет за утврдување на факти Стеван Павлески судија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.