Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракометарите од денеска во Маврово: Стартува „операција Франција“

0
By Нова ТВ on December 20, 2016 СПОРТ
Фото: macedoniahandball.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 20, 2016 09:49

Со состав што претставува спој на искуство и младост и засилен стручен штаб, машката ракометна репрезентација на Македонија денеска ги почнува подготовките за настап на Светското првенство во Франција. По претпладневниот собир во Скопје, националниот тим веднаш замина во Маврово каде ќе тренира до 30 декември.

За претстојната кампања Лино Червар, покрај Илија Темелковски, доби и двајца нови соработници. Во целокупната работа ќе асистираат Пепи Манасков и Александар Јовиќ, голманите ќе бидат во фокусот на Петар Мисовски и Ице Соколевски, за физичката подготовка ќе бидат задолжени Кристијан Кајчевски и Иван Теосављевиќ.

Фото: macedoniahandball.com.mk

Репрезентативен повик добија 24 ракометари. Червар и соработниците во наредниот период ќе работат со Благојче Трајковски, Даниел Ѓорѓески, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Филип Лазаров, Кирил Лазаров, Влатко Митков, Филип Талески, Стефан Дрогришки, Велко Маркоски, Мартин Поповски, Бојан Маџовски, Марко Нелоски, Филип Миркуловски, Мартин Велковски, Ласко Андоновски, Ристо Арнаудовски, Мартин Манасков, Кирил Колев, Јовица Младеновски.

Националниот тим ќе остане во Маврово до 30 декември по што играчите ќе добијат неколку слободни денови за Нова година. Со работа ќе продолжат во Скопје на 2 јануари и низ трите пријателски средби со селекцијата на БиХ ќе се кристализира и составот што ќе патува на СП.

Фото: macedoniahandball.com.mk

Мундијалскиот турнир почнува на 11 јануари и ќе трае до 29 јануари. Македонија својот прв настап ќе го има на 12 јануари во Мец (17.45 ч.) против Тунис во групата Б во која се и Словенија, Ангола, Исланд и Шпанија. Два дена подоцна (20.45 ч.), „црвено-жолтите“ ќе играат со Ангола, на 16 јануари (17.45 ч.) е мечот со Словенија, на 18 јануари (20.45 ч.) е дуелот со Шпанија и на 19 јануари (17.45 ч.) е пресметката со Исланд.

И младата репрезентација на подготовки во Маврово

Заедно со сениорската репрезентација на Македонија, во Маврово ќе работи и младата која во наредниот период ќе се подготвува за настап на турнирот во Скопје (4-6 јануари) во квалификациите за СП 2017 во Алжир. Селекторот Илија Темелковски за таа цел повика 15 играчи.

Фото: macedoniahandball.com.mk

Мартин Томовски (РК Металург 2), Никола Даниловски (РК Пелистер 08), Димитар Димитриоски (РК Металург 2), Давор Палевски (РК Металург), Мице Шилегов (РК Металург 2), Томислав Јагуриноски (РК Металург), Филип Арсеновски (РК Металург), Милан Лазаревски (РК Металург 2), Дејан Кукуловски (РК Вардар јуниор), Горан Крстевски (РК Металург), Марио Танкоски (РК Металург 2), Стефан Трпчевски (РК Вардар јуниор), Дарио Петровски (РК Еурофарм Работник), Михаил Аларов (РК Пролет 62), Иван Џонов (РК Пролет 62).

Македонија е во групата со Португалија, Полска и Турција, само првопласираната селекција ќе обезбеди место на СП 2017 во Алжир во втората половина на месец јули.

 

Маврово Подготовки за СП 2017 Ракомет (м) репрезентација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.