Според германски „Велт“, полицијата уапсила погрешен човек и напаѓачот кој со камион прегази 12 луѓе за време на божиќната прослава во Берлин, се уште е на слобода.
По првичните информации дека напаѓачот е уапсен и се работи за Пакистанец, полицијата утврдила дека тој не бил зад воланот за време на терористичкиот напад.
– Со ова сме во нова ситуација. Вистинскиот напаѓач се уште е вооружен и е на слобода, изјавил полициски службеник за „Велт“.
За 23.годишниот Пакистанец, кој беше првиот осомничен се знае дека на 11.февруари годинава преминал од Австрија во Германија а дозвола за престој добил на 2.јуни.
Тој не се поврзува со Исламската држава и сите информации кои и ги дал на полицијата биле точни.
Во првичната реакција по нападот, германската канцеларка Ангела Меркел порача дека случајот ќе биде истражен и расветлен до детал, а напаѓачите ќе бидат максимално казнети согласно германските закони.