НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ципрас оптимист дека економијата ќе се подобри следната година

0
By Нова ТВ on December 23, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грчкиот премиер Алексис Ципрас вети дека ќе ја врати Грција на меѓународниот пазар за обврзници во 2017 година и покрај доцнењето на мерките со кои е условена странската кредитна помош, како и проблемите со кредиторите околу божиќната социјална програма која ја воведе.

Ципрас зборуваше на потпишувањето договор за нов фонд за коинвестиции со Европската инвестициона банка при што ја повтори волјата на грчката влада што побргу да заврши втората проценка од страна на европските кредитори за да се зачува позитивниот момент кој е креиран за државата да излезе од ситуацијата со поголем оптимизам.

„Економијата денес е на праг на закрепнување и промената на насоката е од историски размери ако се земе предвид дека економијата многупати беше на раб на бездна. Промената на насоката не е резултат на внатрешна девалвација, туку на спроведување план за активни промени и на реформи во економијата“, изјави Ципрас.

Грчкиот премиер забележа дека следната година државата со брз ритам ќе се врати на пазарите и забележа дека е уверен дека не постои европска институција која посакува државата да остане заглавена како досега поради финансиската криза.

Новиот инвестициски фонд се очекува да добие финансии во висина од 260 милиони евра од европски и од грчки фондови и да ѝ помогне на државата да заработи околу една милијарди евра и да овозможи подобри услови за водење бизнис, производство и за задржување на академиците.

 

економија кредитори Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.