Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Србија: Јаболката со пестициди за Русија биле од Македонија

0
By Нова ТВ on May 20, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 20, 2013 18:37

Рускиот премиер Дмитриј Медведев им порача на трговците од својата земја дека увозот на земјоделски производи не е секогаш прифатлив ни во однос на цената, ни во однос на квалитетот и дека некои испораки се опасни по здравјето заради високите количества на пестициди и нитрати.

Во таа прилика тој ги спомна јаблоката од Полска и Србија, а на почетокот на март се говореше и за тоа дека Русија би можела да го сопре увозот зашто во јаболката е откриено високо ниво на пестициди.

Сега, пак, во српската Стопанска комора тврдат дека јаболката потекнувале од нелегален увоз на јаболка од Македонија, а причина за намалениот извоз на српски јаболка биле високите цени во Србија. Во комората се вели и дека заради тоа увозот на јаболка во Русија од Србија е намален за повеќе од двапати.

Директорот на претставништвото на Стопанската комора на Србија во Москва, Радојица Сретеновиќ, вели дека причина за намалениот извоз на српски јаболка во Русија е токму високата цена на локалниот српски пазар.

– Тоа предизвика зголемување на реекспортот на јаболка, на нелегален реекспорт од Македонија и тоа е една од основните причини за појава на пестициди во јаболката во Русија, која е воочена во некои пратки од вкупно 60 тони – вели Сретеновиќ за „Танјуг“.

Во српското Министерство за надворешна и внатрешна трговија велат дека руското Министерство за земјоделство никогаш официјално не тврдело дека српските јаболка имаат високо ниво на пестициди и дека е зголемена соработката на фитосанитарните експерти од двете земји,

Министерството за земјоделство на Србија, пак ,тврди дека овогодишните анализи на примероци од јаболка кај производителите и во магацините покажуваат дека нивото на пестициди е во склад со правилниците. Од 20-те најголеми извозници во Русија, Србија зазема 17 место.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.