Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓоковиќ духовит во Доха: Ова беше мојот најдобар меч во 2017 година

0
By Нова ТВ on January 2, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 2, 2017 21:04

Новак Ѓоковиќ ја почна годината со победа на АТП турнирот во Доха. Србинот во првото коло го совлада германскиот тенисер Јан Ленард Штруф со 7:6, 6:3. На теренот покажа завидно ниво на самодоверба, на прес-конференцијата по мечот демонстрира одлично расположение, но и хумор на своја сметка.

„Ова беше мојот најдобар меч во 2017 година. Напишете го тоа“, низ насмевка се обрати Ѓоковиќ на новинарите.

Вториот светски рекет имаше негатива од 2:5 во првиот сет меѓутоа успеа да ја анулира и преку тај-брејк да поведе со 1:0. Во наредниот ја презеде контролата и не дозволи да биде загрозена победата.

„Никогаш не знаете како ќе почнете. Сепак е прв настап во сезоната и треба психолошки да се навикнете дека мечевите не се тренинзи туку дека играте пред публика и за поени. Штруф беше агресивен и одличен во ударите од основната линија. Но, тоа не ме загрижи. Бев позитивен и верував во пресврт што и се случи“, коментира српскиот ас.

Следен негов ривал во Катар каде ја брани титулата ќе биде Аргентинецот Хорасио Зебалос.

АТП Доха (серија 250)

Резултати, 1. коло

Ѓоковиќ (2., Србија) – Штруф (Германија) 7:6, 6:3

Вердаско (Шпанија) – Поспишил (Канада) 7:5, 6:0

Степанек (Чешка) – Багдатис (8., Кипар) 6:4, 5:3 (Багдатис предаде)

Гофан (4., Белгија) – Хасе (Холандија) 7:6, 6:2

Зебалос (Аргентина) – Маер (Германија) 6:7, 6:4, 7:6

Алмагро (Шпанија) – Лоренци (Италија) 7:6, 4:6, 6:3

Весели (Чешка) – Јуксел (Турција) 6:2, 6:3

Браун (Германија) – Багнис (Аргентина) 6:1, 6:7, 6:4

Де Греф (Белгија) – Сафат (Египет) 6:7, 7:5, 6:4

 

АТП Доха Новак Ѓоковиќ тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.