Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Темелковски: Полска е решена, со ладни глави против Португалија

0
By Нова ТВ on January 4, 2017 СПОРТ
Фото: macedoniahandball.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 4, 2017 23:20

Победнички старт имаше младата ракометна репрезентација на Македонија на скопскиот квалификациски турнир за Светското првенство оваа година. Совладана е Полска со 30:22 (16:8) во меч во кој во ниту еден момент не беше доведено во прашање славјето на крајот во СРЦ „Кале“. Мице Шилегов постигна 11 гола, Талески пет, Нелоски и Велковски по четири.

„Предупредив дека текот и исходот на мечот ќе зависи од воведот што беше одличен. Токму онака како што замислувавме и посакувавме. Полска беше добро проучена и врз основа на тоа што го знаевме поставивме одбрана 5-1 на која не можеа лесно да се снајдат и одговорат. Вечерва победивме со голема разлика, но мора да останеме на земја бидејќи ова е само почеток и ништо не е завршено“, рече Илија Темелковски, селектор на младинците.

Македонските млади ракометари го испочитуваа договореното. Врзаа три гола на почетокот и уште во 10 минута имаа плус 5. На тоа се надоврза и цврстата игра во одбрана, па и првиот гол Полјаците го забележаа по осум минути. Продолжението беше рутински одработено и на пауза се замина со големи осум гола разлика што навестуваа дека победникот е веќе решен по првите 30 минути. Така и беше. Двете селекции погодија по 14 пати во вториот дел и растојанието од полувреме остана идентично и по истекот на 60-та минута.

„Ова е само еден меч и не смееме да дозволиме да нè понесе. На ред е дуел со Португалија на кој мора да ѝ пристапиме со ладни глави. Ако сакаме да се пласираме на Светсккото првенство, не смееме да ги потцениме останатите ривали во групата“, нагласи Темелковски.

Утре со почеток во 17.45 часот, Македонија ќе игра со Португалија во второто коло на турнирот. Од 15 часот ќе играат Полска и Турција. Денеска, пак, Португалците ја совладаа Турција со 40:27.

 

 

Квалификации за СП 2017 Македонија Полска Ракомет У21
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.