Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Републиканецот Мак Кејн ја обвини Русија за воен акт

0
By Нова ТВ on January 5, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 5, 2017 10:36

Републиканскиот сенатор Џон Мак Кејн изјави вчера дека политичките информатички напади на Москва врз американските разузнавачки служби се воен акт.

«Ова е воен акт. Со обидите за уништување на основите на демократијата се уништува целата земја», изјави сенаторот кој е познат по своите остри напади врз рускиот претседател Владимир Путин кого често го нарекувал «деликвент» и «убиец».

Сепак тој малку го ублажи овој вербален напад велејќи дека не станува збор за нуклеарен напад: «Велам само дека нападот врз фундаменталните структури на една земја е воен акт».

Вашингтон ја обвинува Русија дека упаднала во електронските пошти на повеќе високи функционери од Демократската партија како мејлот ма Џон Подеста, близок со Хилари Клинтон. Овие електронски пораки потоа беа објавени на интернет пред се на Викиликс во текот на последниот месец од изборната кампања во САД.

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж тврди дека Русија не изворот од кој стасале објавените мејлови.

Мак Кејн организира денес во Сенатот сеанса на која треба да бидат сослушани сведочењата на високи функционери на разузнавачките служби на САД.

Викиликс пак во вторникот вети награда за секоја разузнавачка информација од Белата куќа пред заминувањето на Барак Обама од претседателската функција.

«Известување до информатичките администратори: не ја оставајте Белата куќа повторно да ја уништи историја на САД! Копирајте ги документите сега и пратете ги во Викиликс кога сакате!» објави Викиликс на Твитер.

И понуди 20.000 долари за секоја информација која би дозволила апсење на секој агент од администрацијата на Обама кој уништил важни документи.

Асанж потоа даде долго интервју на Фокс телевизијата од амбасада во Екватор во Лондон каде се наоѓа од јуни 2012 година. Тој одби да го именува изворот кој на Викиликс му ги дал мејловите на Подеста и Клинтон помеѓу кои и три говори на кандидатката за претседател во банката Голдман Сакс кои сведочат за нејзините врски со финансиските кругови на Вол Стрит.

Клинтон ја обвини Москва за упадот во електронската пошта а ова мислење го дели и американската администрација. Клинтон го обвини Викиликс дека му помогнале на Доналд Трамп да стане претседател.

Викиликс воен акт Русија Џон Мак Кејн Џулијан Асанж
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.