Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕП најзагрижен за невработеноста на младите во Македонија

0
By Нова ТВ on May 22, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 22, 2013 15:38

Европскиот Парламент, во предлог резолуцијата, која ја поднесе известувачот за Македонија, Ричард Ховит. е загрижен за невработеноста кај младите во Македонија за која се вели дека е меѓу најголемите во светот. Од земјава се бара и партиите да седнат и да расправаат за фискалната состојба и кредитните обврски на земјава, што како прашање останува нерасчистено од настаните со буџетот на 24 декември лани.

Во делот за економските прашања, ЕП ја пофали земјава за одржувањето на макроекономската стабилност, но потоа веднаш забележува дека долгот на јавниот сектор е зголемен, квалитетот на фискалното владеење опаѓа, а се забележуваат и негативни ефекти врз странските директни инвестиции како резултат на глобалните економски движења.

Поздравени се легислативните мерки за засилување на деловната клима, како и акциите за развој на здрави среднорочни макро-фискални стратегии, но, истовремено се охрабруваат политичките партии да влезат во транспарентен политички дијалог во однос на фискалната ситуација и кредитните обврски на земјата.

Парламентот со загриженост забележува дека невработеноста продолжува да биде многу висока, при што „невработеноста кај младите е една од највисоките во светот, а вработеноста на жените е на многу ниско ниво“. Владата е повикана да ја подобри координацијата меѓу органите што ги спроведуваат законите од областа на работните односи и да организираат обуки со цел да се засилат капацитетите на социјалните партнери за ангажирање ефикасен социјален дијалог.

ЕП ја истакнува и важноста од создавање на механизам за советување меѓу владата и приватните фирми преку кој ќе се донесуваат одлуки за борба против економската криза и додава дека таков механизам би можел да биде решение кон прилагодување на образовниот систем кон потребите на пазарот, што може да ја намали невработеноста кај младите.

Од Владата се бара и да има подинамичен приод кон регионалните развојни проекти, кои стојат на располагање преку ИПА фондовите и кои ќе ја зголемат прекуграничната соработка и поврзувањето меѓу земјите во регионот.

Се вели и дека „се потребни значителни напори“ во областа на екологијата и тоа особено во областите на квалитетот на водата, заштита на природата и индустриското загадување и се истакнува дека не може да има позначителен прогрес без засилување на административните капацитети. Од Владата се бара и да го подигне нивото на јавната дебата за влијанието на климатските промени и да ја насочи регулативата од ова поле во правец на европската.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.