Светската јавност многупати досега се запозна со забавната страна на Новак Ѓоковиќ на тениските терени и надвор од нив. Српскиот тенисер се дружел со дечиња, во една прилика заигра гангнам со фан, во Доха се сликаше селфи со Зебалос. Дружељубивоста ја демонстрира и сега во Австралија.
На хуманитарен настан на „Маргарет Корт“ теренот во Мелбурн, Ѓоковиќ седна во инвалидска количка и одигра меч со австралискиот параолимпиец Дилан Мартин Алкот. Но, се проба и со неколку крикет удари. Настанот го организира лично Ѓоковиќ за помош на децата во Србија.
Неговата покана за учество ја прифатија и Рој Емерсон, Александар Зверев, познатиот крикет играч Шејн Варн, австралискиот фудбалер Арчи Топмсон, итн. Меѓу поканетите беше и Дилан Мартин Алкот, тениски параолимпиец на Австралија, кој на теренот се појави во количка, но довезе уште една со себе за Ѓоковиќ.
Моментно вториот светски рекет седна во неа и на општо воодушевување на публиката почна да игра со Алкот. „Изгледа полесно кога шампионот Дилан Алкот го прави ова. Ти благодарам другар“, напиша Ѓоковиќ на својот Твитер налог по мечот.
https://www.youtube.com/watch?v=ebDeBz7rHIw