Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СП во ракомет: Лазаров најдобар поединец во шесте меча во Франција

0
By Нова ТВ on January 13, 2017 СПОРТ
Фото: francehandball2017.com/twitter
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 13, 2017 02:14

Кире Лазаров е број еден по два натпреварувачки дена на Светското првенство во ракомет во Франција. Капитенот на репрезентацијата на Македонија е единствен играч со двоцифрен број погодоци во шесте меча на шампионатот со кои се комплетираше првото коло во групите А и Б.

Ѕвездата на Барселона против Тунис стрелаше со 75 отсто успешност. Упати 16 удари, 12 од нив завршија на вистинско место. Едно од четирите промашувања беше од позицијата десен бек, негова матична, и три дојдоа при обид за пробивање на противничката зона преку средината. Стоотстотен беше при пробиви од шест метри (2/2) и при изведување на пеналлите (4/4).

Покрај головите Лазаров подели и седум асистенции и загуби три топки во 39,01 минути во „Мец арена“. Сите овие бројки му го донесоа и МВП признанието по средбата.

Втор на листата на стрелци е Тунижанецот Усама Буганми со девет гола, на делба на третото место се Словенците Борут Мацковшек и Гашпер Маргуч кои постигнаа по осум погодоци против Ангола.

Рекордна посета на Франција – Бразил

Фото: francehandball2017.com

Светското првенство во ракомет за мажи донесе рекорд уште во првиот натпревар. Французите цели 16 години чекаа да организираат голем спортски настан. Нивната нестрпливост притоа ја отсликува посетата на првата средба со Бразил што во арената во Париз, според организаторот, беа присутни 15.609 гледачи што е рекордна посета на еден ракометен натпревар во земјата.

Европјаните со максимален ефект против остатокот на светот

Фото: francehandball2017.com

Половина од првото коло укажува на разликата во квалитет што е евидентна на страна на европските репрезентации во однос на останатите на турнирот. Франција го совлада Бразил, Словенија беше подобра од Ангола, Македонија од Тунис, а Русија од Јапонија во четири од шест меча во кои неевропските претставници покажаа малку. Јапонците на физички план ги помачија Русите во 45 минути од меѓусебниот дуел, но и покрај тоа на крајот мораа да се помират со убедлив пораз. „Триколорите“, „дежела, „црвено-жолтите“ и „зборнаја“ притоа постигнаа вкупно 146 гола или во просек по 36,5.

СП во ракомет

Група А

Полска – Норвешка 20:22

Русија – Јапонија 39:29

Франција – Бразил 31:16

Група Б

Шпанија – Исланд 27:21

Македонија – Тунис 34:30

Словенија – Ангола 42:25

Денеска на шампионатот

Група Ц

Белорусија – Чиле (14 ч.)

Германија – Унгарија (17,45 ч.)

Хрватска – Саудиска Арабија (20,45 ч.)

Група Д

Катар – Египет (14 ч.)

Шведска – Бахреин (17,45 ч.)

Данска – Аргентина (20,45 ч.)

Група А

Франција – Јапонија (17,45 ч.)

 

 

 

Кире Лазаров СП во ракомет Статистика Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.