Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новиот Устав му овозможува на Ердоган да владее до 2029 година

0
By Светлана Јовановска on January 17, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 17, 2017 13:18

Парламентот на Турција во неделата го усвои новиот Устав со кој се зголемува одлучувачката власт на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Со новата реформа, усвоена во текот на ноќта, му се овозможува на Ердоган да остане на власт најмалку до 2029 година.

Новата реформа ја укинува функцијата на премиер и му дава право на претседателот да именува или отпушта министри. Наместо премиерското место, во владата ќе има потпретседатели.

Парламентот и претседателот ќе бидат бирани за време на истите избори. Следните избори во Турција се планирани за 3 ноември 2019 година.

Партијата на Ердоган, Партија на правда и развој (АКП), собра 330 гласа со помош на националистичката десница од партијата МХП, односно мнозинството потребно за усвојување на новиот Устав. Потоа Уставот ќе биде изнесен на референдум најверојатно на пролет.

Новите 18 члена на Уставот ја зајакнуваат власта на Ердоган. Минатата недела во турскиот парламент дојде до физичка пресметка кога новиот текст за Уставот беше за прв пат разгледуван.

Уставната реформа ќе му дозволи на Ердоган директно да интервенира во судството преку именување на судиите.

Опозицијата и се спротивстави на оваа реформа поради авторитарниот начин на владеење на сегашната власт и претседателот Ердоган, особено по неуспешниот пуч од 15 јули 2016 година.

Сегашниот турски Устав датира од 1982 година а беше усвоен во воениот пуч од 1980 година. Уставот му гарантира незвисност на судството од власта. Но сегашната реформа му дозволува на претседателот директно да интервенира во судството преку именување на судиите и другите високи функционери од оваа област.

Реџеп Таип Ердоган судство Турција Устав
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.