НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Финансиската полиција кај Бејта влегла со наредба од обвинителство

0
By Нова ТВ on January 19, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Финансиската полиција постапувала по наредба на надлежен јавен обвинител од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кога вчера влегоа во кабинетот на градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта. Тие негираат дека таму биле како инструмент за вршење политички притисок.

„По наредба на надлежен обвинител, како дел од правосудната полиција, финансиската полиција влезе поради постоење на сомнение за злоупотреба на службената положба при спроведување јавни набавки. Најостро ги осудуваме сите обиди за политизирање на овој случај во дневно политички цели“, се вели во соопштението на Финансиската полиција.

Финансиската полиција вчера влезе во канцеларијата на гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта, јави телевизијата „ТВ21“.  Бејта, кој е потпретседател на ДУИ, тврди дека оваа посета од финансиката полиција претставува реваншизам поради неговото отворено противење партијата повторно да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ.

Ова прв пат се случува откако кажав дека нема Албанец што сака коалција со Груевски. Јас како потпретседател на ДУИ давам изјави кои мислам дека се важни за општеството и не прифаќам политички уцени, рече Бејта за „ТВ 21“.

Од финансиската полиција за телевизијата изјавиле дека предмет на проверките е инфраструктурен проект на општината во селото Тумчовиште кој чинел 80 илјади евра или истиот проект кој претставуше пат којшто ги поврза селата Тумчовиште и Чегране, а на коешто отворање Бејта и Груевски заедно сечеа лента.

ВМРО-ДПМНЕ ДУИ Невзат Бејта финансиска полиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.