Денеска во главниот град на Касахстан, Астана започнаа преговори за ставање крај на војната во Сирија, први во последнава година.
Разговорите се водат под покровителство на Русија, Иран и Турција и се дел од најновите напори да се изнајде политичко решение за војната во која досега според некои проценки загинале 400.000 луѓе.
Едно од најзначајните прашања за кое ќе се расправа е консолидирање на кревкото примирје воспоставено кон крајот на минатиот месец и за олеснување на хуманитарната криза.
ОН се надеваат дека индиректните преговори меѓу двете страни во Астана ќе доведат до директни преговори што ќе ги предводат ОН, изјави специјалниот претставник на светската организација за Сирија Стафан де Мистура.
Шефот на делегацијата на сириските бунтовници Мохамед Алуш изјави дека опозицијата е подготвена за мир, но и за војна, нарекувајќи ја власта на претседателот Башар ал Асад терористичка.
Тој порача дека опозицијата е подготвена да оди до самиот крај за да стави крај на крвопролевањето во земјата.
Претставникот на сириската влада го осуди неговиот говор како „провокативен и дрзок.