НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поткуп: Одбраната на Заев побара изземање и на обвинителот Биковски

0
By Нова ТВ on January 23, 2017 ПОЛИТИКА
Фото: МЕТА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судијката Дијана Груевска Илиевска која го води процесот за Поткуп, даде два часа пауза откако одбраната на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој е обвинет за примање поткуп како градоначалник на Струмица, побара изземање и на обвинителот Златко Биковски кој во меѓувреме дојде во Судот за да го замени Владимир Милошевски за кого адвокатите претходно бараа изземање од случајот „Поткуп“, поради изминат мандат.

Според одбраната ниту Биковски не може да го застапува обвинението бидејќи е дел, од како што велат „злосторничко здружение кое монтирало политички процес против лидерот на опозицијата, а исто така бил обвинител и во случајот „Пуч“.

Адвокатите побараа рок од три дена за да го комплетираат барањето, но судијката Дијана Груевска – Илиевска им даде само два часа пауза за надлежен обвинител од обвинителството за организиран криминал и корупција да се изјасни барањето.

На почетокот на судењето одбраната на Заев побара изземање на обвинителот Владимир Милошевски за кого тврдат дека му е истечен мандатот и не може да биде застапник од ЈО за организиран криминал. Тој бил привремено распореден во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и за корупција на 1 јуни 2016 година до 30 ноември лани кога му истекол мандатот.

На минатото рочиште одбраната побара изземање на обвинителот Владимир Милошевски од овој случај, бидејќи, како што рекоа, СЈО има предистражни дејствија за монтирање на случајот против Заев.

Јавното обвинителство за организиран криминал го одби барањето, а СЈО во соопштение појасни дека конкретно против обвинителот Милошевски не води постапка, но дека отворило постапка за истражување на сомневања за монтирање случај против Заев.

Заев и неговите адвокати бараа изземање на Милошевски, бидејќи, според нив, од политички мотиви тој е учесник во злосторничко здружување за да се монтира случајот „Поткуп“. Одбраната се сомнева дeкa токму Милошевски ја дал снимката од кабинетот на градоначалникот од која се гледа дека Зоран Заев од струмички бизнисмен наводно бара пари како противуслуга за издавање дозвола за градба.

Владимир Милошевски Заев Златко Биковски поткуп рочиште
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.