Со влегувањето на новиот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа, тој веднаш направи промени во Овалната соба, официјалната претседателска канцеларија – постави златни завеси на прозорците.
Имајќи го предвид вкусот на Трамп и неговата сопруга Меланија во нивниот дом во поткровјето на облакодерот на Менхетен, кој се опишува како „рококо кич“, „првото американско семејство“ ќе направи големи промени во стилот во куќата на Авенијата Пенсилванија број 1600.
Рузвелт сакал препарирани животни, Обама апстрактна уметност
Не е невообичаено за Претседателот и првата дама да додадат некој детаљ кога влегуваат во Белата куќа.
Теди Рузвелт на пример, во трпезаријата ставил препарирани глави од животни. Џеки Кенеди ги реновирала собите за да го одрази духот на развојот н архитектурата низ историјата. Семејството Клинтон пак ја префериртале апстракноста на Вилием де Кулинг.
За Барак и Мишел Обама карактеристичен стилот на уметноста од 20 век, главно американски апстрактен експесионизам, главно позајмени дела од американските музеи или донации од колекционери, како Џаспер Џонс, Џозеф Алберс, Сем Франсис, Луиз Невелсон и Алма Томас, првата Афроамериканка која е застапена во Белата куќа.
Вкусот на Трамп – битно е колку чини
Во изминативе години, Трамп многу ретко покажал некаков интерес за каква било уметност. Во интервју за Вашингтон тајмс во 2013 година, тој вели дека додека неговите пријатели трошат „смешно големи суми пари“ за слики, тој повеќе сака да отвора работни места и да прави нешто што на светот му е од корист.
Но неговите соработници велат дека тој го сака импресионизмот, односно ипресионизмот кој ја третира женската сензуалност.
Новинарот Марк Боуден и шминкерката на Меланија Трамп велат дека семејството Трамп поседуваат слики од Реноар.
Во магазинот Венити Фер во 1996 година, Трамп е фотографиран во блескавиот ентериер на неговиот приватен авион како го покажува потписот на Реноар на една слика. Но тој не ја коментира уметноста, туку дека таа вреди 10 милиони долари.
Во репортажата од домот на Трамп во 2012 година, прикажана е огромната златна влезна врата, кристалните лустери, мермерните подови, маси и бањи, слики од Реноар и панорамско сликање до таванските прозорци.
Злато и мермер
Трамп од секогаш сакал златно и мермер. Неговиот бренд – од хотели до облакодери, преку водката, виното и тоалетните води, сите се со екстремна количина на злато и златна боја.
Во првото телевизиско интервју по изборот, Трамп седи на позлатена столица во стилот на Луј 14 од неговиот Трамп облакодер.
Почнувајќи од Џорџ Вашингтон, постои традиција, сите американски претседатели да добијат портрет во масло. Наскоро се очекува портретот на Обама. Но, прашањето е кој ќе го наслика Трамп?