Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рококо кичот на Трамп го донесе „златното доба“ во Белата куќа

0
By Нова ТВ on January 26, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 26, 2017 09:28

Со влегувањето на новиот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа, тој веднаш направи промени во Овалната соба, официјалната претседателска канцеларија – постави златни завеси на прозорците.

Имајќи го предвид вкусот на Трамп и неговата сопруга Меланија во нивниот дом во поткровјето на облакодерот на Менхетен, кој се опишува како „рококо кич“, „првото американско семејство“ ќе направи големи промени во стилот во куќата на Авенијата Пенсилванија број 1600.

Рузвелт сакал препарирани животни, Обама апстрактна уметност 

Не е невообичаено за Претседателот и првата дама да додадат некој детаљ кога влегуваат во Белата куќа.

Теди Рузвелт на пример, во трпезаријата ставил препарирани глави од животни. Џеки Кенеди ги реновирала собите за да го одрази духот на развојот н архитектурата низ историјата. Семејството Клинтон пак ја префериртале апстракноста на Вилием де Кулинг.

За Барак и Мишел Обама карактеристичен стилот на уметноста од 20 век, главно американски апстрактен експесионизам, главно позајмени дела од американските музеи или донации од колекционери, како Џаспер Џонс, Џозеф Алберс, Сем Франсис, Луиз Невелсон и Алма Томас, првата Афроамериканка која е застапена во Белата куќа.

Вкусот на Трамп – битно е колку чини

Во изминативе години, Трамп многу ретко покажал некаков интерес за каква било уметност. Во интервју за Вашингтон тајмс во 2013 година, тој вели дека додека неговите пријатели трошат „смешно големи суми пари“ за слики, тој повеќе сака да отвора работни места и да прави нешто што на светот му е од корист.

Но неговите соработници велат дека тој го сака импресионизмот, односно ипресионизмот кој ја третира женската сензуалност.

Новинарот Марк Боуден и шминкерката на Меланија Трамп велат дека семејството Трамп поседуваат слики од Реноар.

Во магазинот Венити Фер во 1996 година, Трамп е фотографиран во блескавиот ентериер на неговиот приватен авион како го покажува потписот на Реноар на една слика. Но тој не ја коментира уметноста, туку дека таа вреди 10 милиони долари.

Во репортажата од домот на Трамп во 2012 година, прикажана е огромната златна влезна врата, кристалните лустери, мермерните подови, маси и бањи, слики од Реноар и панорамско сликање до таванските прозорци.

Злато и мермер

Трамп од секогаш сакал златно и мермер. Неговиот бренд – од хотели до облакодери, преку водката, виното и тоалетните води, сите се со екстремна количина на злато и златна боја.

Во првото телевизиско интервју по изборот, Трамп седи на позлатена столица во стилот на Луј 14 од неговиот Трамп облакодер.

Почнувајќи од Џорџ Вашингтон, постои традиција, сите американски претседатели да добијат портрет во масло. Наскоро се очекува портретот на Обама. Но, прашањето  е кој ќе го наслика Трамп?

Бела куќа стил Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

ВЕСТИ June 2, 2026

Најмалку девет лица се убиени, а десетици се повредени откако Русија започна голем напад врз…

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

May 31, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.