Серена Вилијамс против Венус Вилијамс во женското финале на Австралија опен. До првото финале во Мелбурн по пауза од 14 години и прво гренслем воопшто по Вимблдон во 2009 година, Венус стигна по триумфот над Мирјана Лучиќ-Барони со 6:7, 6:2, 6:3.
„Секој има свој момент под сонцето. Можеби мојот замина на некое време, но сега сакам да продолжи“, рече 36 годишната Венус Вилијамс која е втора највозрасна тенисерка што ќе игра гренслем меч за титула. Пред неа е само Мартина Навратилова која за трофејот на Вимблдон во 1994 година играше со полни 37 години и 258 дена.
Нејзината помлада сестра се задржа на „Род Лејвер Арена“ неспоредливо пократко. Американката за само 52 минути ја елиминира Мирјана Лучиќ-Барони со 6:2, 6:1 и по 28 пат во кариерата ќе игра против Венус Вилијамс. Билансот е на страна на Серена која води со 16:11 во меѓусебните средби.
„Најголем сон за нас двете е да играме во финале. Венус е моја најтешка противничка. Од никој немам толку порази колку што имам од неа. Мило ми е што добро ~ оди. Се радувам на финалето. Што и да се случи, ние ќе победиме. Една Вилијамс ќе ја освои титулата“, изјави Серена Вилијамс.
Женското финале на Австралија опен е сабота наутро во 09,30 часот.
Австралија опен
Жени, полуфинале
В. Вилијамс (13., САД) – Вандевеге (САД) 6:7, 6:2, 6:3
С. Вилијамс (2., САД) – Лучиќ-Барони (Хрватска) 6:2, 6:1
Финале: сабота, 09,30 ч.