Франција е прв финалист на 25. Светско ракометно првенство чиј домаќин е. „Триколорите“ во полуфиналето ја поразија Словенија со 31:25 и во недела ќе имаат прилика да ја бранат титулата од Катар против победникот од утрешното второ полуфинале (20,45 ч.) меѓу Хрватска и Норвешка.
Најефикасен во составот на Дидие Динар беше Недим Ремили со 6 гола, Валентин Порт постигна 5 колку што и Јуре Доленец за словенечката селекција. Маргуч, Јанц и Цингесар реализираа по 3.