НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На барање на Канада, Фокс Њуз избриша твитови со лажни вести

0
By Нова ТВ on February 1, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На барање на канадската влада, американскиот Фокс Њуз мораше да ги повлече твитовите во кои во понеделникот пренесе погрешни информации за идентитетот на починителите на терористичкиот напад во Квебек.

Кабинетот на премиерот Џастин Трудо испрати порака до шефот на Фокс Њуз со барање да се тргнат твитовите на ТВ каналот во кој се тврдеше дека автор на нападот е Мароканец.

Фокс Њуз го избриша “твитот” со лажна информација

Шефицата за комуникација на Трудо, Кејт Пурчејз, изјави дека наводите на Фокс Њуз се “лажна информација”.

Во своето писмо Пурчејз вели дека твитовите се навреда за шесте жртви на нападот и вели дека Фокс Њуз “шири лажна информација со политичка игра за идентитетот и ширејќи страв и поделба во нашите заедници”

“Муслиманите се најчесто првите жртви на терористичките акти насекаде во светот. Навредувачкиот амалгам за муслиманите како терористи не е само незнаење туку и целосна неодговорност”, напиша директорката за комуникација на премиерот на Канада.

Таа вели дека Канада е отворена земја кој става на знаење дека ќе ги брани своите граѓани: “Ние сме нација составена од милиони имигранти и бегалци, составена од стотици култури, јазици и религии и ние сме поддржувачи на цврстото и непоколебливо верување – ние сме силни благодарение на различноста што не краси”.

Во истото писмо Пурчејз испраќа и порака до владата на Трамп и неговите поддржувачи помеѓу кои на високо место фигурира токму Фокс Њуз:

“Морам да се фокусираме на ги сочуваме безбедни и обединети нашите заедници а не да градиме ѕидови или да бараме жртвени јарци”.

“Затворањето на границите не е решение а стравот не не прави побезбедни туку послаби и го одвлекува вниманието од вистинските предизвици кои влијаат на секојденвието на луѓето”, додаде таа и побара од Фокс Њуз или да ги избрише твитовите или да ги корегира со вистински информации за идентитетот на починителот на нападот.

Нападот во еден Исламски културен центар во Квебек однесе шест животи а авторот е 27годишниот Александар Бисоне, француско-канадски студент кој бил поддржувач на Доналд Трамп и екстремно десната француска политичарка Мари Ле Пен.

Канада Квебек терористички напад Фокс Њуз
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.