НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АВМУ: ТВ Сител ширела говор на омраза за време на кампањите

0
By Нова ТВ on February 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) констатира дека ТВ Сител шири говор на омраза и поттикнува дискриминација против Албанците во Македонија.

Ваквата појава АВМУ ја утврдила преку вонреден надзор спроведен во текот на изборната кампања од втори до петти декември 2016 година кога на ТВ Сител во изданијата на дневниците во 19 и 23 часот се објавени серија прилози и уреднички коментари посветени за двојазичност и кантонизација на Македонија.

Во извештајот, Агенцијата заклучува дека во тврдењата на ТВ Сител за време на изборна кампања постои говор на омраза за да се постигне одредена политичка цел преку дискриминација, еднострани информации и заплашување на јавноста.

Според Агенцијата, ТВ Сител ја изложил македонската јавност на убедување, наметнување мислење, манипулирање со информации и заплашување со губење на работни места, губење на државата, тензии и војни со цел да се предизвика чувство на загрозеност на Македонците и останатите заедници од Албанците, кои се претставени како непријатели.

АВМУ смета дека ТВ Сител свесно користела говор на омраза и поттикнувала на дискриминација, повторувани во повеќе наврати, користејќи ја моќта на влијанието на телевизијата за да поттикне насилство против Албанците.

Членот 48 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и членот 3 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, недвосмислено забрануваат говор на омраза и дискриминација.

Според информациите на ЗНМ, извештајот со наодите што е јавно достапен на веб страната на Агенцијата, веќе е доставен до Јавното обвинителство и Комисијата за превенција и заштита од дискриминација, а ЗНМ очекува ОЈО и Комисијата за заштита и спречување од дискриминација сериозно да ги разгледаат наводите на АВМУ и да донесат соодветна одлука.

говор на омраза избори изборна кампања ТВ Сител
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.