НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР го сомничи братот на Ермира Мехмети за поседување на оружје

1
By Нова ТВ on February 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Постариот брат на поранешната пратеничка од ДУИ, Ермира Мехмети, е осомничен дека поседувал оружје, кое како што соопшти полицијата е најдено во подрумските простории во зграда во населбата Чаир.

Во денешниот билтен МВР информираше дека оружјето било најдено завчера складирано во две кофи. А, полицијата за случајот била информирана по пријава, но засега не се откриваат други детали.

„При увидот на местото на настанот, во подрумските простории, пронајдени биле 19 гранати калибар 40 мм во реденик, 12 гранати 40 мм залепени со селотејп во картонска кутија, две рачни бомби кинеско производство, еден упаљач за рачна бомба, 25 куршуми маневарска муниција калибар 7,62 мм и 10 куршуми калибар 7.62мм боева муниција. Се работи на целосно расчистување на случајот“, пишува во денешниот полициски билтен.

Како што дознава НОВАТВ од полициски извори, братот на Мехмети се наоѓа дома, а со него полицијата извршила разговор и случајот го проследила до Јавното обвинителство.

„Известено е Јавното обвинителство, постапката трае и ќе бидете известени“ – изјави Агим Нухиу, министер за внатрешни работи од редовите на ДУИ.

Агим Нухиу – министер за внатрешни работи

Семејството Мехмети не сака да дава било какви коментари за случајот. Постариот брат на Ермира Мехмети е лице со хендикеп и со оштетен вид.

Акцијата на МВР и претресот на подрумот на братот на Мехмети, следува со доаѓањето на функцијата министер на Агим Нухиу. Ермира Мехмети повеќе не е дел од ДУИ. Таа на 30 декември минатата година поднесе оставка од сите функции во партијата и веќе не е активна во политичкиот живот.

„Почнувајќи од денес, јас, Емира Мехмети, сум слободен граѓанин и не ја претставувам ниту една партија. Сите симболи и политичката иконографија, почнувајќи од денес и во деновите што доаѓаат, ќе бидат отстранети од мојата официјална фан страна на Фејсбук“, напиша тогаш Ермира Мехмети.

Како што е веќе познато во јавноста, таа неодамна стана нотар, како и советник во австриското собрание.

Нејзиниот помал брат, Замир Мехмети, е еден од активистите на „Шарената револуција“, кој жестоко се бореше против аболицијата, одлуките на Уставниот суд, беше присутен на сите антивладини протести, но e и остар критичар на политиките на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ

 

Ермира Мехмети МВР оружје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.