НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени парламентарни избори заедно со локалните

0
By Нова ТВ on February 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски придружуван од Владимир Ѓорчев, Александар Николоски и Никола Попоски, денеска се сретнал со амбасадорката на ОБСЕ Нина Соумалаинен, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што пишува во соопштението на партијата, на средбата Суомалаинен го презентираше извештајот за активностите на ОБСЕ во земјата. Во однос на политичките односи и ситуација, амбасадорката посочи дека Мисијата на ОБСЕ не зазема страна и не се во позиција да промовираат никакви политички опции претставени преку партиите.

ВМРО-ДПМНЕ потенцирале дека состојбата во Република Македонија е зрела за одржување на нови предвремени парламентарни избори поради тесното мнозинство кое би било направено.

Амбасадорката ги прашала претставниците на ВМРО-ДПМНЕ дали за нив ќе биде прифатлива влада формирана од СДСМ.

Од партијата на тоа одговориле дека „секоја партија која носи одлука за формирање коалиција без партијата која добила најмногу гласови и најголема поддршка од народот на изборите, треба да знае дека во исто време носи одлука да се соочува со проблеми во иднина својствени на ситуации кога се игнорира волјата на мнозинството граѓани“.

„На забелешката дека постојат држави каде се случува победничката партија да не влезе во владејачката коалиција, беше одговорено дека во изминатите повеќе од десет години од внатре и однадвор беше постојано потенцирано дека Македонија е многу различен случај, дека не е иста со останатите земји и има една специфика, а тоа е мултиетничноста, и дека во таква ситуација исклучително е важно победникот кај македонските гласачи и победникот кај албанските гласачи секогаш да коалицираат. Сега кога ВМРО-ДПМНЕ е победник, и од внатре и однадвор се заборава тој принцип. Сите треба да знаат дека ако еднаш се прекрши тој принцип, истото ќе стане неповратлив процес. Затоа што не може тој принцип да важи по потреба, само кога на некој друг му одговара, и тоа веќе не е принцип. Доколку сега се отстапи од тој принцип, и  свесно се прекрши, секој еден кој во иднина кога ќе се сменат околностите, ќе помисли да дојде и повторно да се обиде да не убедува да го воспоставуваме тој принцип, треба да знае дека без дискусија ќе биде избркан од штабот на партијата, а партијата ќе коалицира со кого ќе оцени дека е најдобро за самата партија и земјата, како што е и во другите држави“ пишува во соопштението на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ на амбасадорката и одговориле дека најдобро би било предвремените парламентарни избори да се одржат заедно со локалните.

ВМРО-ДПМНЕ избори коалиција мандат ОБСЕ предвремени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.