Министрите за внатрешни работи и за одбрана на 15 европски земји денеска се согласија да предложат нови мерки што ќе гарантираат копнената мигрантска рута од Грција кон останатиот дел од Европската Унија да остане затворена, јавува БТА.
Волфганг Соботка и Ханс Петер Доскоцил, министри за внатрешни работи и за одбрана на Австрија, кои беа домаќини на форумот, изјавија дека е одлучено до април да се изготви план за таканаречената „Балканска маршрута на миграцијата“.
На денешната средба учествуваа министрите од Чешка, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Албанија, Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Грција.
Некои од овие земји се претворија во влезни или транзитни зони за стотиците илјади мигранти, кои во 2015 година почнаа да се слеваат кон Европа. Други,пак, се противат на раселувањето на мигрантите на нивна територија, иако тие веќе се наоѓаат во ЕУ.