Мечот во кошаркарската АБА лига меѓу Цедевита и Партиза во Загреб имаше „трето полувреме“. Десетина маскирани хулигани со качулки на главите и лица прекриени со марами нападнаа пет навивачи на белградските „црно-бели“ во локалот „Спорт Били“ во непосредна близина на „Дом на спортовите“ во хрватскиот главен град.
Деликвентите, како што пишува порталот „24sata.hr“, упаднале во објектот со два бетонски блока и еден од гостинските навивачи го погодиле со кригла во глава и со камен во грбот. Од ударот се здобил со тешка расекотина на главата што веднаш ја санирал докторот на хрватската екипа. На местото на настанот пристигнале и екипа на итната помош, јавува „Вечерњи лист“, а реагирала и полицијата чии припадници привеле еден лице.
Српски „Курир“, пак, пишува дека жртвите во инцидентот биле партизанови навивачи од БиХ кои биле нападнати од десетина членови на „Бед Блу Бојси“. Едно од лицата е медицинско згрижено, останатите се здобиле со полесни повреди по телата.
„Навивачите на Партизан мирно седеа, разговараа и пиеја. Навистина никого не провоцираа. Одеднаш кон нив почнаа да летаат шишиња и камења. Колку што успеав да видам, еден навивач на Партизан беше удрен со шише по глава“, стои во изјава на очевидец на настанот за хрватски „24sata.hr“ кој инсистирал на анонимност.
Мечот од трибините го следеше група од 40 симпатизери на Партизан меѓу кои имаше и жени. За време на кошаркарската претстава се огласија неколупати со песна и во најголем дел од 40-те минути мирно седеа и го гледаа дуелот што ѝ припадна на Цедевита со 79:67. Цибона, во исто време во Белград, играше со Црвена звезда пришто нема вести за инциденти.
АБА лига
Резултати, 22 коло
Цедевита – Партизан 79:67
Црвена звезда – Цибона 69:56
Мега Лекс – Игокеа 101:84
МЗТ Скопје -Крка 89:65
ФМП – Унион Олимпија 89:79
Будуќност – Карпош Соколи 95:61
Задар – Морнар 80:62
Табела: Црвена звезда (21 победа-1 пораз), Цедевита (16-6), Будуќност (16-6), Партизан (16-6), Цибона (11-11), Игокеа (10-12), Унион Олимпија (9-13), ФМП (9-13), Карпош Соколи (9-13), Мега Лекс (8-14), МЗТ Скопје (8-14), Морнар (7-15), Крка (7-15), Задар (7-15).