Баерн Минхен му зададе нов, суров, удар на Арсенал во меѓусебните мечеви во Лигата на шампиони. Баварците пред своите навивачи ги совладаа тимот од Лондон со 5:1 и, слично како и ПСЖ, завршија работа во осминафиналето уште на половина од двомечот. Стрелци за бундеслигашот беа Арјен Робен во 11 минута, Роберт Левандовски во 53., Тиаго Алкантара во 56., и 63. и Томас Милер во 88. Почесниот за гостите го даде Алексис Санчез кој отпадокот по промашениот пенал, сепак, успеа да го смести зад грбот на Мануел Ноер.
Одлична предност и за Реал Мадрид за реваншот со Наполи. „Кралевите“ ќе патуваат во Неапол со два гола предност по триумфот на „Сантијаго Бернабеу“ со 3:1. Второпласираната екипа во Серија А поведе во осмата минута преку Лоренцо Инсиње што домашните, во продолжението успеаја да го свртат резултатот во своја корист благодарение на Карим Бензема во 19 минута, на Тони Крос во 49 минута и на Касемиро во 54.
Реванш мечевите на овие две осминафинални двојки се закажани на 7 март.
Лига на шампиони
Осминафинале – први мечеви
Реал Мадрид – Наполи 3:1
Баерн Минхен – Арсенал 5:1