НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наместо решение – МПМ со закани кон новинарите кои штрајкуваат

0
By Влатко Чаловски on February 20, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како што соопшти Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), новинарите од „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вест“ ќе го зголемат штрајкот на шест работни часа.

Александра Спасеска, претседателка на штрајкувачки одбор на редакцијата „Вест“, вели весникот на 21.февруари ќе го издаде 5.000 број и жално е што новинарите ќе го изработуваат од позиција на штрајк.

– Утре на 21 февруари ќе излезе 5.000 број на дневниот весник „Вест“. Жално е што редакцијата ќе го подготвува ова јубилејно издание од позиција на штрајк. Во претходните денови наместо разговор за решавање на проблемите се засилија притисоците врз медиумските работници со телефонски јавувања и закани со отпуштања и казнувања, изјави таа.

Новинарите од МПМ со поддршка на ССНМ велат, ќе ги контактираат релевантните меѓународни институции за да ги информираат за заканите со кои се соочуваат.

Тие воедно продолжуваат да ги изработуваат весниците, бидејќи сметаат дека тоа им го должат на читателите.

На денешниот штрајк, поддршка дадоа и неколку претставници на Независниот полициски синдикат, а се очекува во следните денови да се приклучат и некои од синдикатите кои беа избркани од Сојузот на синдакати, односно претседателот Живко Митревски.

Останува нејасно колку е подготвен менаџментот на МПМ да го реши проблемот со новинарите и медиумските работници во весниците, ако се знае дека досега никого не повикале на средба, а сопственикот Срѓан Керим нема разговарано со ниту еден од новинарите или синдикалните претставници.

Керим важи за единствен сопственик на МПМ откако „Орка Холдинг“ неодамна соопшти дека ги продала своите удели во Медиа Принт Македонија.

МПМ новинари протест Срѓан Керим штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.