Разговорите меѓу СДСМ и партиите кои се очекува да бидат дел од новото парламентарно мнозинство се во завршна фаза, рекла заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска на средбата со Арни Бјорнстад, амбасадорот на Кралството Норвешка.
Од партијата соопштуваат дека на средбата се разговарало за процесот на обезбедување парламентарно мнозинство за формирање на новата Влада во Македонија.
„Разговорите меѓу СДСМ и партиите кои се очекува да бидат дел од новото парламентарно мнозинство се во завршна фаза. Преговорите за сите прашања се водат исклучиво на основа на Уставот, за тоа постои согласност од сите страни. Очекуваме Македонија во брзо време да ја добие новата Влада“, рече Шекеринска.
На средбата се зборувало и за потребата од непречено функционирање на СЈО и правдата во Македонија.