Аматерите на Сатон јунајтед не успеаа да приредат сензација како нивните колеги од Линколн во ФА купот. Загубија од Арсенал со 0:2 за елиминација во осминафиналето, но место за разочарување нема. Како утеха на малиот клуб од Лондон му остана слава, популарност, преку еден милиони фунти од ТВ права и реконструкција на дел од стадионот.
„Топчиите“ по мечот на „Џендер Грин Лејн“ ветија финансиска помош од 58.000 евра за реновирање на соблекувалните на Сатон јунајтед.
„Односот на Арсенал е во ред. Верувам дека ќе помогнат за соблекувалните. Нѝ ветија 58.000 евра. Нивниот гест е прекрасен и ние сме им благодарни“, рече Пол Досвел, тренер на Сатон Ј.