Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека нема да присуствува на традиционалната годишна вечера со здружението на дописници на Белата куќа на која освен новинарите присуствуваат и многу други познати личности.
„Нема да присуствувам на вечерата на дописниците од Белата куќа оваа година. На сите им посакувам се најдобро и да имаат прекрасна вечер“, напиша Трамп на Твитер.
Во текот на предизборната кампања, но и подоцна Трамп имаше тензичен однос со медиумите, нарекувајќи ги „непријатели на народот“.
И покрај отсуството на претседателот, група новинари најави дека вечерата ќе се одржи на 29 април. На собирот во Вашингтон вообичаено се очекуваат и бројни филмски ѕвезди, политичари, бизнисмени.
„Таа вечера беше и останува прослава на Првиот амандман и има важна улога за независноста на медиумите“, порача дописникот на Ројтерс од Белата куќа, Џеф Мејсон, кој е на чело на здружението.
Трамп рече дека никој повеќе од него не го сака тој уставен амандман за слобода на говорот, но дека некои новинари се кријат зад него за да можат лажно да обвинуваат.
„Поедини американски медиуми, дел се од џиновските корпорации, и имаат сопствени агенди“, вели Трамп.